| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Трговската размена меѓу Туркије и Русија ќе надмине 65 милијарди долари
Андреј Буравов, рускиот генерален конзул во Истанбул, рече дека обемот на билатералната трговија бележи трикратен раст во последните пет-шест години
Трговската размена меѓу Туркије и Русија ќе надмине 65 милијарди долари
Испораките на гас преку гасоводот Турски тек се реализираат во обемот што го посакува Туркије / Photo: AA / AA
23 ноември 2023

Обемот на трговска размена меѓу Туркије и Русија ќе надмине 65 милијарди долари оваа година, изјави рускиот генерален конзул во Истанбул.

Андреј Буравов рече дека обемот на билатералната трговија бележи трикратен раст во последните пет-шест години.

„Редовниот дијалог меѓу лидерите на двете држави продолжува. Паралелно се остваруваат редовни контакти на ниво на нашите министерства за економија“, нагласи тој.

Потсетувајќи на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за изградба на центар за природен гас во Туркије, Буравов рече дека двете страни работат на деталите.

На состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на регионалниот собир во Казахстан во октомври 2022 година, Путин истакна дека изградбата на центарот во Туркије, меѓу другото, ќе овозможи регулирање на цените, продажба на гас по разумни цени и исклучување на „политизацијата“ на ова прашање.

Посочувајќи дека испораките на природен гас од Русија продолжуваат преку различни канали, Буравов рече: „Конечно, испораките на гас преку гасоводот Турски тек се реализираат во обемот што го посакува Туркије и постои потенцијал.“

Во врска со изградбата на нуклеарната централа „Акују“ во Мерсин, Јужна Туркије, тој рече: „Туркије не само што гради нов објект туку создава и нова гранка на економијата во земјата.“

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири