| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган и Раиси разговараа за израелските напади врз Газа
Ердоган ја нагласил важноста за заземање заеднички став на муслиманскиот свет, особено на Туркије и Иран во соочувањето со израелските злосторства на палестинските територии
Ердоган и Раиси разговараа за израелските напади врз Газа
Ердоган рекол дека Анкара и Техеран ќе продолжат заедно да работат за постигнување траен мир / Photo: AA / AA
27 ноември 2023

Во синоќешниот телефонски разговор претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот ирански колега, Ибрахим Раиси, зборуваа за „незаконските“ израелски напади на Газа, соопштија турските власти, известува Анадолу.

Според соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на претседателот на Туркије, Ердоган и Раиси размениле мислења за можните чекори што треба да се преземат за траен прекин на огнот во регионот, со испорака на хуманитарна помош на палестинскиот народ.

Ердоган ја нагласил важноста за заземање заеднички став на муслиманскиот свет, особено на Туркије и Иран во соочувањето со израелските злосторства на палестинските територии, се додава во соопштението.

Ердоган рекол дека Анкара и Техеран ќе продолжат заедно да работат за траен прекин на огнот и постигнување траен мир.

Лидерите размениле мислења и за подготовката и агендата на Турско-иранскиот Совет за соработка на високо ниво што ќе се одржи во Туркије.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири