| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ОН бараат независни истраги за злосторствата извршени во Палестина и Израел
Експертите апелираа до меѓународната заедница сите одговорни за воени и злосторства против човештвото, како и за други злосторства извршени во конфликтот, брзо да бидат изведени пред лицето на правдата, особено оние со командна одговорност
ОН бараат независни истраги за злосторствата извршени во Палестина и Израел
Не постои застареност за таквите злосторства и тие спаѓаат под универзална јурисдикција, велат екпертите на ОН / Photo: AA / AA
28 ноември 2023

Група експерти на ОН повикаа на целосна и независна истрага за злосторствата извршени во Израел и во Палестина.

Повикувајќи ги Израел, палестинската управа на Западниот брег и властите во Газа целосно да соработуваат со истрагите, тие рекоа дека „на независните истражители мора да им се дадат потребните ресурси, поддршка и пристап потребни за спроведување на брзи, темелни и непристрасни истраги за злосторствата наводно извршени од сите страни во конфликтот“.

„Должноста да се истражат воените злосторства и злосторствата против човештвото, вклучително и убиство по кратка постапка или вонсудско убивање, тортура или други навреди на човековото достоинство, е основна законска обврска“, додаваат тие.

Тие, исто така, ја повикаа меѓународната заедница да работи така што сите одговорни за воени злосторства и злосторства против човештвото, како и за какви било други меѓународни злосторства извршени во конфликтот, брзо да бидат изведени пред лицето на правдата, особено оние со командна одговорност.

„Не постои статут на застареност за таквите злосторства и тие спаѓаат под универзална јурисдикција, што значи дека судовите во која било земја можат да ги користат своите овластувања да ги гонат одговорните, без оглед на нивната националност и земјата каде што се извршени злосторствата“.

Израел започна масовна воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш уби најмалку 14.854 Палестинци, вклучувајќи 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Официјалниот израелски број на загинати изнесува 1.200.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири