| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Серија земјотреси ги потресоа Србија, БиХ, Словенија и Хрватска
Во 6.32 часот бил регистриран земјотресот со силина од 2,8 степени според Рихтер со епицентар на 15 километри југозападно од Сански Мост во Босна и Херцеговина, на длабочина од само пет километри
Серија земјотреси ги потресоа Србија, БиХ, Словенија и Хрватска
Земјотрес имало и во близина на островот Чиово, на 3 километри јужно од Трогир / Photo: EMSC
27 декември 2023

Утрово во 6.31 часот, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на островот Чиово, на 3 километри јужно од Трогир.

Магнитудата на земјотресот била 3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил IV степен според ЕМС.

Во 6.32 часот бил регистриран земјотресот со силина од 2,8 степени според Рихтер со епицентар на 15 километри југозападно од Сански Мост во Босна и Херцеговина, на длабочина од само пет километри.

Земјотресот е регистриран од Европско-медитеранскиот сеизмички центар.

Земјотрес со јачина од 1,1 степени според Рихтеровата скала во 5.01 часот е почувствуван и во Словенија. Неговиот епицентар бил во близина на Ново Место, 51 километар југозападно од Љубљана.

Пет земјотреси беа регистрирани и во Србија во вторникот. Сите беа со јачина помала од 3 степени според Рихтеровата скала.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот