| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Од Газа го обвинија Израел дека краде органи од телата на Палестинците
Телата на десетици Палестинци, приведени и убиени од израелската војска, вчера беа предадени на Министерството за здравство во Газа, од каде велат дека анализата покажала оти нивните форми значително се променети поради вадење на виталните органи
Од Газа го обвинија Израел дека краде органи од телата на Палестинците
Израелските власти допрва треба да се произнесат за обвинувањата / Photo: AA / AA
27 декември 2023

Локалните власти во Газа доцна синоќа го обвинија Израел за крадење органи од телата на Палестинците и побараа меѓународна истрага за тоа.

Во соопштението, владината Канцеларија за медиуми со седиште во Газа рече дека испитувањето на телата открило дека нивните форми значително се променети поради вадење витални органи од телата.

Се додава дека израелската војска ги предала телата без имиња и одбила да прецизира од каде се лицата.

Исто така, се наведува дека израелската војска повторила таков чин за време на војната во Газа, а исто така ексхумирала и тела од гробиштата.

Во соопштението се критикува, како што се наведува, „тивката позиција на меѓународните организации кои работат во Газа, вклучително и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кон таквото страшно злосторство од страна на израелската окупација“.

Израелските власти допрва треба да се произнесат за обвинувањата.

Вчера, израелските власти предадоа тела на десетици Палестинци убиени од израелската војска, кои беа приведени за време на нејзината копнена операција.

Министерството за здравство во Газа ги прими телата преку граничниот премин „Керем Шалом“ во јужниот дел на Појасот Газа, јави дописникот на Анадолу од терен.

Министерството за вакаф и верски прашања во Газа беше задолжено за нивното погребување во масовни гробници, јави дописникот.

„Обединетите нации однапред нѐ информираа за пристигнувањето на голем број тела во Појасот Газа, односно на околу 80 тела“, изјави за Анадолу Марван ал-Хамс, директор на болницата „Мухамед Јусеф ел-Наџар“ во градот Рафа.

„Телата пристигнаа во контејнер, некои беа цели, други беа на парчиња, а некои беа распаднати“, додаде тој.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец