| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Гутереш: 2023 година на огромно страдање, насилство и климатски хаос
Покажувањето со прст и вперувањето оружје не водат никаде, човештвото е најсилно кога стоиме заедно, 2024 година мора да биде година за обнова на довербата и враќање на надежта, рече  првиот човек на ОН Антонио Гутереш
Гутереш: 2023 година на огромно страдање, насилство и климатски хаос
Човештвото е во болка, планетата е во опасност, рече Гутереш / Photo: AA / AA
29 декември 2023

Генералниот секретар на Обединетите Нации во четвртокот изрази надеж за 2024 година и повика на единство за обнова на довербата.

„2023 година беше година на огромно страдање, насилство и климатски хаос. Човештвото е во болка. Нашата планета е во опасност. 2023 година е најжешката година досега“, рече Антонио Гутереш во видео пораката за новата година.

„Луѓето се скршени од растечката сиромаштија и глад“, рече Гутереш, додавајќи дека војните се зголемуваат по број и жестокост, а довербата е во недостиг.

„Но, покажувањето со прст и вперувањето оружје не водат никаде. Човештвото е најсилно кога стоиме заедно. 2024 година мора да биде година за обнова на довербата и враќање на надежта. Мораме да се здружиме преку поделбите за заеднички решенија. За климатска акција. За економски можности и пофер глобален финансиски систем кој донесува резултати за сите“, рече тој.

Светот мора да застане против дискриминацијата и омразата кои ги трујат односите меѓу земјите и заедниците, рече шефот на ОН, додавајќи дека новите технологии како што е вештачката интелигенција треба да се користат за добро.

„Обединетите нации ќе продолжат да го собираат светот за мир, одржлив развој и човекови права. Ајде да решиме 2024 година да ја направиме година на градење доверба и надеж во сето она што можеме да го постигнеме заедно.

„Ви посакувам среќна и мирна Нова година“, додаде тој.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина