| Macedonian
СВЕТ
1 МИН ЧИТАЊЕ
Јапонија погодена од низа силни земјотреси, предупредување за цунами
Три последователни земјотреси со јачина од 5,7, 6,1 и 7,6 степени доведоа до евакуација на луѓето од крајбрежните зони
Јапонија погодена од низа силни земјотреси, предупредување за цунами
Јапонија погодена од низа силни земјотреси, предупредување за цунами / Photo: AA / AA
1 јануари 2024

Три последователни силни земјотреси со јачина од 5,7, 6,1 и 7,6 степени ја погодија Јапонија, предизвикувајќи предупредување за цунами.

„Во околу 16:18 часот (по локално време) се случи земјотрес. Епицентарот беше во Ното во префектурата Ишикава, а забележан е максимален сеизмички интензитет од над 5 степени. Не приближувајте се до опасните области каде што потресот беше јак“, соопшти Јапонската метеоролошка агенција на социјалната платформа X.

„Во моментов е објавено големо предупредување за цунами во Ното, префектурата Ишикава“, нагласи метеоролошката агенција.

Предупредувања за цунами беа издадени и за префектурите Ниигата, Тојама, Јамагата, Фукуи и Хјого долж брегот на Јапонското Море, соопшти јапонската телевизија „NHK World“.

Според соопштеното, сите жители во близина на крајбрежната линија се замолени веднаш да го напуштат подрачјето.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири