Јужнокорејскиот опозициски лидер прободен со нож на прес-конференција

Ли е прободен со нож на левата страна од вратот за време на сесијата за прашања и одговори со новинарите

By Игор Шегавиќ
Напаѓачот е фатен на местото на настанот / Photo: AA / AA

Јужнокорејскиот опозициски лидер Ли Јае-Мјунг денес беше прободен со нож во вратот за време на прес-конференцијата во јужниот пристаништен град Бусан, објави новинската агенција Јонхап.

Ли е прободен со нож на левата страна од вратот за време на сесијата за прашања и одговори со новинарите, според Јонхап.

Напаѓачот е фатен на местото на настанот, а Ли веднаш добил лекарска помош и итно бил пренесен во болница, иако сериозноста на неговите повреди не е позната, се наведува од неколку други локални медиуми.