| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
ЕУ ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци
Мерките опфаќаат ограничувања во областа на трговијата, финансиите, енергетиката, технологијата, транспортот и луксузната стока
ЕУ ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци
Шефицата за надворешна политика, Калас истакна дека Унијата останува посветена на зголемувањето на притисокот врз Москва за да стави крај на војната / Reuters
30 јуни 2025

Европскиот совет денес објави дека Европската Унија (ЕУ) ќе ги продолжи своите секторски санкции за Русија за уште шест месеци.

„Советот денес ги продолжи рестриктивните мерки на ЕУ во контекст на продолжените акции на Руската Федерација што ја дестабилизираат ситуацијата во Украина за дополнителни шест месеци, до 31 јануари 2026 година“, се наведува во писмената изјава на Советот.

Првично санкциите беа воведени во 2014 година по нелегалното анектирање на украинскиот регион Крим од страна на Русија и продолжени во 2022 година со почетокот на тековната војна во Украина.

Мерките опфаќаат ограничувања во областа на трговијата, финансиите, енергетиката, технологијата, транспортот и луксузната стока.

Во рамките на санкциите се вклучени и забрана за увоз на руска нафта по морски пат, исклучување на главните руски банки од меѓународниот банкарски систем СВИФТ, како и суспензија на медиуми поддржани од Кремљ во земјите на ЕУ.

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на социјалната мрежа X напиша дека „ЕУ денес официјално се согласила да ги продолжи секторските санкции за Русија“.

Таа истакна дека Унијата останува посветена на зголемувањето на притисокот врз Москва за да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека „секој пакет санкции ја ослабува способноста на Русија да води војна“.


Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири