| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
О'Брајан: „Црната листа“ е да видиме дали се промениле оние кои се на неа
Сакаме луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки што им се достапни за да се борат со корупцијата и да ја задржат таа посветеност, порача помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн
О'Брајан: „Црната листа“ е да видиме дали се промениле оние кои се на неа
Благодарен сум што Владата ја започна оваа програма да работи на прашањето за корупција, а список си е список, изјави ОБрајан / Photo: Влада на РСМ / Влада на РСМ
22 јануари 2024

Прашањето за улогата на санкциите на САД во борбата против корупцијата е малку сложено и целта е да видиме промена во однесувањето на поединците на списокот и оние коишто се поврзани со нив. Она што сакаме да го видиме е луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки коишто им се достапни за да се борат со корупцијата и да ја задржат таа посветеност и при формирањето на новата влада, порача помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, по состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст на ЕУ.

Прашан дали по проширувањето на листата со новите имиња е задоволен што македонската влада реши да ја инкорпорира црната листа во своето законодавство, О’Брајaн рече дека нема да коментира за законодавните процеси ниту на Северна Македонија, ниту на ЕУ, но дека прашањето за улогата на санкциите на САД во борбата против корупцијата е малку сложена.

„Тука имаме стратегии за решавање на фаворитизам на заробена држава, на корупција, проблеми коишто се случуваат во многу земји вклучително и во овој регион. Затоа сум благодарен што Владата ја започна оваа програма да работи на прашањето за корупција. Список си е список. Тој секогаш еволуира, секогаш се проценува. Целта е да видиме промена во однесувањето на поединците на списокот и оние коишто се поврзани со нив. Тоа некогаш значи дека ќе се додадат повеќе имиња на списокот или ќе нема некои имиња на списокот, но сепак е алатка од една поголема стратегија. Она што сакаме да го видиме е луѓето да се навикнат да ги користат сите алатки коишто им се достапни за да се борат со корупцијата и да ја задржат таа посветеност при формирањето на новата влада“, изјави О’Брајaн.

За тоа кога предлог измените на Законот за рестриктивни мерки би можеле да се најдат пред пратениците во Собранието, премиерот Ковачевски, рече дека тој поминува низ процес на усогласување и штом тоа ќе биде направено, бидејќи веќе е поминат низ владина процедура, ќе биде доставен до пратениците во Собранието.

„Во однос на Законот веќе информираше Владата дека е подготвен закон односно измени на Законот за рестриктивни мерки којшто го има Република Северна Македонија со вклучување на рестриктивни мерки воведени од страна на САД и Велика Британија. Истиот поминува низ процес на усогласување со позитивните законски процеси на нашата држава и штом тоа ќе биде направено, бидејќи веќе е поминат низ владина процедура ќе биде доставен до пратениците во Собранието. За такво нешто нема ограничување бидејќи ние одиме на редовни избори, Парламентот непречено ќе работи така што сметам дека во наредниот период тој закон ќе се најде, а претходно ќе биде усогласен со законските прописи во државата и ќе се направи усогласување и на други закони на коишто ваков закон влијае во текот на неговото воведување“, рече Ковачевски.

Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми, ги најави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Предлог измените предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

„Црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко ... им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

По ова, Владата во ноември минатата година, најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица коишто се на листа на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија