| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Борел: Повеќе смрт и разорувања нема да донесат безбедност за Израел
Нема едногласност, нема договор во ЕУ за поддршка на прекинот на огнот во Појасот Газа, рече Жосеп Борел во Брисел
Борел: Повеќе смрт и разорувања нема да донесат безбедност за Израел
Нема едногласност, нема договор во ЕУ за поддршка на прекинот на огнот во Појасот Газа, рече Жосеп Борел во Брисел / Photo: AA / AA
23 јануари 2024

„Повеќе мртви и повеќе разорувања во Газа нема да придонесат за поголема безбедност на Израел“, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.

Борел претседаваше со состанокот во Брисел, на кој се собраа министрите за надворешни работи на ЕУ, како и гости од земјите од Блискиот Исток.

„Сметам дека повеќе смрт, повеќе разорувања, повеќе тешкотии за народот на Газа, за палестинскиот народ, нема да помогнат да се порази Хамас, односно неговата идеологија. Тоа нема да придонесе за поголема безбедност на Израел“, порача Борел.

Тој повика на изнаоѓање трајно решение за кризата и додаде дека сите присутни се согласиле да ја поддржат Агенцијата за помош на палестинските бегалци на ОН (УНРВА).

Борел, исто така, изрази жалење поради тешката хуманитарна ситуација во Газа и додаде дека ЕУ продолжува да работи на санкции за насилните екстремистички израелски доселеници што ги напаѓаат Палестинците на окупираниот Западен Брег.

„Мислам дека повеќе не треба да се разговара за блискоисточниот мировен процес. Мислам дека би требало да почнеме конкретно да разговараме за процесот на имплементација на решенија врз база на воспоставување две држави“, рече високиот претставник на ЕУ.

Тој потсети дека хуманитарната пауза е заеднички став на ЕУ и додаде дека за поддршката за прекинот на огнот во Појасот Газа немало едногласност и договор на ниво на Европскиот совет.

Министрите на ЕУ одржаа одвоени неформални разговори со министрите и други претставници на повеќе земји, вклучително средба и со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, израелскиот министер за надворешни работи на Израел, Израел Кац, министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, и министерот за надворешни работи на Палестина, Ријад ал Малики.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната