| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Медиуми: Израел нуди прекин на огнот, бара ослободување на заложниците
„Израел понуди да ги запре нападите во Појасот Газа на два месеца во замена за ослободување на сите заложници што ги држи палестинското движење Хамас во таа енклава“, пишуваат медиумите.
Медиуми: Израел нуди прекин на огнот, бара ослободување на заложниците
Медиуми: Израел нуди прекин на огнот, бара ослободување на заложниците / Photo: AA / AA
23 јануари 2024

Израел понуди да ги запре нападите во Појасот Газа на два месеца во замена за ослободување на сите заложници што ги држи палестинското движење Хамас во таа енклава.

Повикувајќи се на изјавите на неименувани израелски функционери, американскиот портал „Аксиос“ пренесува дека Израел му понудил нов „прекин на огнот“ на Хамас.

Беше нагласено дека администрацијата на Тел Авив понудила да ги прекине нападите врз Газа на два месеца во замена Хамас да ги ослободи сите заложници.

Овој извор јавува дека израелскиот предлог не вклучува траен прекин на огнот во Газа и дека тој е пратен до Хамас преку Катар и Египет.

Израелските власти, наводно, рекле дека чекаат одговор од Хамас, но тие се внимателни оптимисти дека може да се постигне напредок во наредните денови.

Се наведува и дека доколку се постигне договор за размена на заложници, првата фаза би била ослободување на жените, мажите над 60 години и оние со критична здравствена состојба.

Се наведува дека израелските официјални лица рекле дека, според предложениот договор за размена на заложници, Израел и Хамас однапред ќе се договорат за тоа колку палестински заложнци ќе бидат ослободени во замена за секој израелски заложник.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири