Нетанјаху: Преживеавме еден од најтешките денови од почетокот на војната
Ситуацијата во која загинаа 21 израелски војник премиерот на Израел ја опиша како катастрофа
Преживеавме еден од најтешките денови од почетокот на нападот. Вака израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Х го опиша вчерашниот ден кога загина 21 израелски војник во појасот Газа. Според Нетанјаху израелските сили започнале истрага за нападот.
Израелскиот премиер ситуаџијата ја опиша како катастрофа и изјави дека нападите врз Газа ќе продолжат се додека не се постигне апсолутна победа.
Израелските сили објавија дека уште 21 нивни војник загинал во судирите во блокираниот Појас Газа.
Се огласи и израелскиот претседател Исак Херцог кој изјави дека утрово му било неподносливо тешко.
Според израелската војска, бројот на израелски војници убиени во судирите во Појасот Газа од почетокот на копнениот напад врз Појасот Газа на 27 октомври се искачи на 221.
Вкупниот број на израелски војници убиени од 7 октомври, вклучувајќи ги и судирите на либанската граница и на Западниот Брег, се искачи на 556.