Во израелските напади од 7 октомври во Газа убиени се 27.708 Палестинци
Министерството за здравство во Газа објави дека израелските сили во изминатите 24 часа извршиле уште 16 масакри во кои се убиени најмалку 123 Палестинци, а ранети се 169.
Во израелските напади на блокираниот Појас Газа од 7 октомври досега се убиени најмалку 27.708 Палестинци, од кои најмалку 123 се убиени во последните 24 часа, пренесува Анадолу.
Израел веќе 124 дена спроведува жестоки напади врз Појасот Газа поради кои Палестинците од ова подрачје останаа без храна, вода и основни потреби за живот.
Министерството за здравство во Газа објави дека израелските сили во изминатите 24 часа извршиле уште 16 масакри во кои се убиени најмалку 123 Палестинци, а ранети се 169.
Билансот од почетокот на израелските напади е зголемен на 27.708 убиени и 67.147 ранети Палестинци.
Во соопштението се наведува дека под урнатините и на улиците и понатаму се наоѓаат тела на настраданите до кои надлежните служби не се во можност да дојдат поради постојаните израелски бомбардирања и блокади.