| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Путин ќе ја посети Туркије, во тек се подготовките
Датумот ќе биде одреден, земајќи ги предвид условите за претстојните претседателски избори во Русија закажани за 17 март и распоредот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Путин ќе ја посети Туркије, во тек се подготовките
Засега нема предуслови за продолжување на договорот за жито/ Фото: AA / AA
8 февруари 2024

Во тек се подготовките за посета на Туркије од страна на рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Датумот ќе биде одреден, земајќи ги предвид условите за претстојните претседателски избори во Русија закажани за 17 март и распоредот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече Песков на брифинг со новинарите во Москва.

„Штом ќе се договорат овие датуми, ќе ги објавиме заедно со нашите партнери“, рече Песков.

Запрашан за можноста за продолжување на клучниот договор за Украина за извоз на жито преку Црното Море, Песков рече дека нема „предуслови“ за таква мерка во разговорите.

„Во моментов нема предуслови за продолжување на договорот за жито во форма во која се преговараше и не беше спроведен во однос на Русија. Затоа, не гледаме никаква основа и предуслови за тоа“, посочи тој.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите