Ана Павловска-Данева започна со работните обврски во Уставниот суд

Уставниот суд на Р.С. Македонија ќе работи во полн состав со девет уставни судии по изборот на професорката по право во Собранието

By Христијан Станоевиќ
Новата уставна судијка ја презеде функцијата во Уставниот суд на Република Северна Македонија / Фото: MIA / MIA

Со изборот на професорката Ана Павловска-Данева, Уставниот суд на Република Северна Македонија започна да работи со полн состав со вкупно девет судии.

Професорката од Правниот Факултет Јустинијан Први од Скопје ја презеде функцијата уставен судија и започна со работните обврски.

„Покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, судијата Павловска-Данева ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот, наведува Уставниот суд во соопштение.

Согласно Уставот, мандатот на Павловска-Данева како уставен судија трае девет години.