| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски- Кос: Реформите напредуваат, но без уставни измени нема формален почеток на преговорите
Државата е една од земјите со најдобри постигнувања во делот на реформската агенда со исполнување на десетте реформски барања, но усвојувањето на договорените уставни измени е неопходниот следен чекор за почнување преговори, рече Кос
Мицкоски- Кос: Реформите напредуваат, но без уставни измени нема формален почеток на преговорите
Oстануваме доследни на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано врз заштита на националното достоинство, рече Мицкоски / Others

Очекуваме европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Еврокомесарката, пак, рече дека државата е една од земјите со најдобри постигнувања во делот на реформската агенда со исполнување на десетте реформски барања, со исклучок на Изборниот законик, но, нагласи оти усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за почнување преговори и ја охрабри Владата да го почне процесот.

„Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурентна економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ја цениме поддршката од ЕУ“, рече Мицкоски.

Објаснувајќи дека нивната определба останува непроменета, Мицкоски рече:

„Ќе продолжиме со реформите, ќе ги зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото. Остануваме доследни и на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано на заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна предвидлива европска перспектива“.

Искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива

Тој оцени дека денешната посета на Кос е можност за отворен, искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива, за реформите што земјата ги спроведува и за потребата, како што нагласи, проширувањето да остане доследно на принципите на ЕУ - доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

Кос, од своја страна, кажа дека гледаат охрабрувачки напредок од почетокот на годината во реформската агенда на земјата, пофалувајќи ја зголемената посветеност на Владата.

„Северна Македонија сега е меѓу најуспешните изведувачи, се постигнува напредок во усогласувањето со правото на ЕУ и европските стандарди. Затоа се квалификуваше во групата земји каде што ќе дадеме дополнителни пари за планот за реформи или планот за раст“, додаде Кос.

Таа нагласи дека земјата наскоро ќе се приклучи и на Резервата за кибербезбедност на ЕУ во рамките на Програмата за дигитална Европа, што значи дека Северна Македонија ќе може да се потпре на доверлива поддршка за кибербезбедност од целата Унија во случај да се соочи со кибернапад.

„Усвојувањето на договорените уставни амандмани останува неопходен следен чекор кон формално започнување на преговорите за пристапување. Затоа уште еднаш ја охрабрувам Владата да го започне процесот што наскоро би можел да доведе до промена на Уставот“, истакна Кос.

Кос објасни дека постои реална перспектива дека до 2028 година ЕУ ќе има уште една членка, и тоа од територијата на Западен Балкан.

„Исто така, Северна Македонија треба да биде меѓу оние што одат напред. Вие имате место во Европската Унија како полноправна членка на ЕУ“, рече Кос.

Еврокомесарката Кос ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Кос исто така заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“.

Повеќе
Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон
Планот на „Фолксваген“ за намалување на трошоците ја загрозува германската автомобилска индустрија
Администрацијата на Трамп е тужена поради наводно споделување на евиденција за азил со Иран
Иран: Сите бази на САД во регионот се легитимни цели ако продолжи прекршувањето на прекинот на огнот
САД извршија напади врз Иран по нападите врз бродови во Ормускиот Теснец
Сиљановска-Давкова пред Самитот на НАТО во Анкара: Најсилната Европа е Европа што живее во мир
Туркије и Канада официјално ги почнаа преговорите за договор за слободна трговија
Туркије: Самитот на НАТО во Анкара отвора ново поглавје за одбранбената индустрија на Алијансата
Ле Пен прогласена за виновна, но судот ѝ ја скрати забраната за вршење на јавна функција
Трамп на средбата со Ердоган: САД ќе ги укинат санкциите за Туркије
Фон дер Лајен: Туркије е една од најголемите вооружени сили на НАТО
Шекеринска: Туркије ќе купи крстосувачки ракети Атмаца со долг дострел
Зеленски во Анкара ја повика Европа да го забрза производството на воздушна одбрана
Вучиќ: Земјите кандидати можат да напредуваат на европскиот пат со заедничка работа
Хамас го обвинува Израел за создавање „административен вакуум“ во Газа