Повеќе од 100 загинати во израелските напади врз Рафах

Областа е на границата на Појасот Газа со Египет, каде Израел ги принуди цивилите да се евакуираат, тврдејќи дека е безбедна зона

By Игор Шегавиќ
Израелската армија во неделата одобри план за копнена офанзива врз Рафах / Photo: AA / AA

Повеќе од 100 луѓе загинаа во израелските напади врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, објави во понеделникот наутро официјалната палестинска новинска агенција ВАФА.

Областа е на границата на Појасот Газа со Египет, каде Израел ги принуди цивилите да се евакуираат, тврдејќи дека е безбедна зона.

Во неделата израелската армија одобри план за копнена офанзива на Рафах.

Палестинците побараа засолниште во тој град, додека израелските сили започнаа со напади врз други делови од блокираната палестинска енклава.

Повеќе од 28.000 Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од 7 октомври.