| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Борел: Меѓународната заедница да ја испита испораката на оружје на Израел
Борел истакна истакна дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, не слуша никого бидејќи инсистира на тоа дека Израел мора да го преземе целиот Појас Газа.
Борел: Меѓународната заедница да ја испита испораката на оружје на Израел
Борел:Меѓународната заедница да ја преиспита испораката на оружје на Израел / Photo: AA / AA

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, вчера ја повика меѓународната заедница да го преиспита снабдувањето на Израел со оружје.

„Колку пати слушнавте најистакнати лидери и министри за надворешни работи низ светот како зборуваат: 'премногу луѓе гинат'?“, праша Борел на конференцијата за новинари во Брисел.

Борел истакна дека дури и претседателот на САД, Џо Бајден, го коментирал бројот на мртви во Газа, велејќи дека тоа е премногу и дека не е пропорционално.

„Па, доколку верувате дека премногу луѓе се убиени, можеби би требало помалку оружје да му праќате на Израел за да спречите толку луѓе да бидат убиени“, рече Борел.

Потсетувајќи дека во 2006 година САД одлучиле да ја запрат испораката на оружје на Израел во текот на војната со Либан, кога Израел не сакаше да ја заврши војната, Борел рече дека „целосно иста работа“ се случува и денес.

„Сите одат во Тел Авив и молат: Ве молиме, немојте да го правите тоа, заштитете ги цивилите, немојте да убивате толку луѓе!“, рече Борел и праша: „Колку е премногу? Кој е тоа стандард?“

Високиот претставник на ЕУ истакна дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, не слуша никого бидејќи инсистира на тоа дека Израел мора да го преземе целиот Појас Газа.

„Доколку меѓународната заедница навистина верува дека ова е масакр, дека премногу луѓе се убиени, можеби ќе мора да подразмисли за прашањето на испораката на оружје“, рече Борел, повикувајќи се на холандскиот суд кој нареди прекин на испораката на делови за авионите Ф-35 на Израел од Холандија, со цел да се имплементира привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Силни грмотевици оставија речиси 26.000 домаќинства без струја во југоисточна Франција
Белорусија ја затворa амбасадата во Финска
Романски Ф-16 уништи морски дрон во близина на гасната платформа на Црното Море
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“