Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Рускиот претседател рече дека дека Москва ги зголемува испораките на нафта и гас до она што го опиша како „сигурни партнери”
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да ја снабдува Европа со енергенси доколку европските земји покажат интерес, истовремено истакнувајќи дека Москва ги зголемува испораките на нафта и гас до она што го опиша како „сигурни партнери“ во неколку региони.
Зборувајќи на настан за енергетски прашања, Путин рече дека Русија ќе продолжи да снабдува нафта и гас со земјите кои одржуваат сигурни економски односи со Москва.
„Русија ќе продолжи да снабдува нафта и гас со оние земји кои самите се сигурни страни“, рече тој.
Путин, исто така, посочи дека Русија останува отворена за соработка со европските земји за снабдување со енергија, но нагласи дека соработката ќе зависи од сигналите од европските престолнини за нивната подготвеност да работат без политички размислувања.
„Доколку европските компании и европските купувачи одеднаш одлучат да се преориентираат и да ни обезбедат долгорочна, одржлива соработка, без политички размислувања, тогаш ве молиме направете го тоа. Ние никогаш не сме одбиле и сме подготвени да соработуваме и со Европејците“, рече Путин, додавајќи дека на Москва „ѝ се потребни некои сигнали од нив“.
Рускиот претседател понатаму рече дека глобалните цени на нафтата нагло се зголемиле во последните недели, зголемувајќи се за повеќе од 30%.
Тој предупреди дека производството на нафта поврзано со транспортот низ Ормутскиот теснец би можело да се соочи со сериозни нарушувања, потенцијално запирање во текот на следниот месец ако нестабилноста продолжи во регионот.