| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Турската општина Арнавуткој организираше ифтарска програма во Долнени
Во рамки на програмата што Општина Арнавуткој ја реализира низ Балканот, целта е да се обезбеди ифтар за околу 16 илјади луѓе.
Турската општина Арнавуткој организираше ифтарска програма во Долнени
Турската општина Арнавуткој организираше ифтарска програма во Долнени / AA
23 февруари 2026

Истанбулската општина Арнавуткјој организираше ифтарска програма во Општина Долнени во Северна Македонија.

На ифтарот со тема „Трпеза на братство од Арнавуткјој за Балканот“, на кој присуствуваа околу илјада граѓани, беше и претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши, вицепремиерот Беким Сали, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, како и пратеници, политичари, бизнисмени и бројни гости.

Во своето обраќање, Гаши потсети дека неодамна бил гостин во Општина Арнавуткјој и дека со градоначалникот Мустафа Џандароглу разговарале за организирање заеднички ифтар. Тој ја нагласи важноста од средбата со граѓаните во Долнени, каде што вакви настани досега не биле организирани.

Градоначалникот на Општина Арнавуткој, Мустафа Џандароглу, во својот говор ги истакна духовните врски меѓу Балканот и Туркије.

„Причината зошто сме денес тука е показател за нашата историска одговорност. Ќе продолжиме да го одржуваме живо наследството на братството и правдата што сме го наследиле од нашите предци“, рече Џандароглу.

Градоначалникот на Општина Долнени, Блерим Ислами, нагласи дека на оваа ифтарска трпеза не се дели само храна, туку се зацврстува и голема пријателска врска. Тој информираше дека со посредство на претседателот на Собранието, Гаши, започната е иницијатива за збратимување меѓу општините Арнавуткјој и Долнени, што ќе биде основа за посилна соработка и солидарност.

Во рамки на програмата што Општина Арнавуткој ја реализира низ Балканот, целта е да се обезбеди ифтар за околу 16 илјади луѓе.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Затворениот палестински лидер Баргути се соочува со „брутални“ напади во израелските затвори
Милатовиќ во Берлин: Клучен момент за забрзување на интеграцијата во ЕУ
Деветмина загинаа во израелски напади во јужен Либан
Фидан разговараше со колегите од Пакистан и Иран за мировните разговори меѓу Вашингтон и Техеран
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Либан и Израел во Вашингтон ги почнаа првите директни разговори по повеќе од 30 години
Смотрич го критикува Мерц за предупредувањето за нелегалната анексија на Западниот Брег
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Иран обвини пет арапски држави за учество во американско-израелските напади и бара отштета
Италија ќе го замрзне одбранбениот договор со Израел
Убиени уште тројца Палестинци во Газа, бројот на жртви достигна 72.300
Најмалку 17 лица убиени во новите израелски воздушни напади во јужен Либан
ИФРЦ планира повеќе пратки помош од Туркије за Иран
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Израел не прифати примирје во Либан на преговорите во Вашингтон