| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Гаши во Туркије ја прими Глобалната награда за дипломатија
Гаши посочува дека наградата е признание за посветеноста на Собранието за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста.
Гаши во Туркије ја прими Глобалната награда за дипломатија
Гаши во Туркије ја прими Глобалната награда за дипломатија / TRT Balkan
10 ноември 2025

Претседателот на Собранието, Африм Гаши со објава на Фејсбук информира дека во Аланија, Туркије, ја примил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC).

Наградата на Гаши му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи.

Гаши посочува дека наградата е признание за посветеноста на Собранието за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста.

„Во Аланија, Туркије, на една извонредна церемонија и во топла пријателска атмосфера, имав чест да ја примам Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC). Ова признание претставува благодарност за нашата посветеност во Собранието на Република Северна Македонија за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста. Во време кога гласовите често се издигнуваат погласно од аргументите, и кога информацијата понекогаш ја губи правичноста пред брзината, оваа награда ме потсетува дека вистинската дипломатија и одговорната работа се градат врз почит, разбирање и отворен дијалог. Длабоко сум благодарен на Глобалниот совет за новинарство, организаторите и жирито за оваа голема чест!“, напиша Гаши во објавата.



ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина