| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Косово: ЦИК донесе одлука за целосно пребројување на гласовите од изборите на 28 декември
„Акцијата на ЦИК е преземена со цел да се гарантира точноста на изборните резултати и да се обезбеди волјата на граѓаните на Република Косово да се регистрира и да се одрази точно...“
Косово: ЦИК донесе одлука за целосно пребројување на гласовите од изборите на 28 декември
Косово: ЦИК донесе одлука за целосно пребројување на гласовите од изборите на 28 декември / AA

Централната изборна комисија (ЦИК) донесе одлука за целосно пребројување на гласовите од парламентарните избори одржани на 28 декември 2025 година во Косово.

На шестата седница годинава, ЦИК ја донесе оваа одлука по предлог на Советот за изборни операции, институција во рамките на ЦИК.

ЦИК по сопствена иницијатива уште од 13 јануари одлучи да се изврши пребројување на гласачките ливчиња во 914 избирачки места.

Според одлуката на ЦИК од 13 јануари, во 10 општини ќе се изврши пребројување на сите избирачки места, додека во уште 28 општини само на 10 проценти од нив, а овој процес е во тек.

Меѓутоа, со денешната одлука на ЦИК, и во општините каде што беше предвидено само 10 проценти пребројување, ќе се изврши 100 проценти пребројување на гласачките ливчиња.

Претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, изјави дека од досегашното пребројување промените кај гласовите за политичките субјекти се минимални и речиси занемарливи, но проблемот се појавува кај гласовите за кандидатите за пратеници во Собранието на Косово.

Според извештајот на ЦИК, од избирачките места што беа повторно пребројани во Центарот за пребројување и резултати, произлегува дека по повторното пребројување од резултатите се одземени 36.007 гласови за кандидати кои претходно им биле евидентирани. Исто така, по повторното пребројување, на кандидатите им се додадени 20.078 гласови кои претходно не им биле правилно евидентирани.

Тој истакна дека овие промени во бројот на гласовите за кандидатите во рамките на политичките субјекти укажуваат дека процесот на пребројување на гласовите имал неправилности.

„Акцијата на ЦИК е преземена со цел да се гарантира точноста на изборните резултати и да се обезбеди волјата на граѓаните на Република Косово да се регистрира и да се одрази точно, онака како што е изразена на гласачките ливчиња“, изјави Радониќи.

Според него, Општина Призрен е општината со најмногу неправилности, каде по повторното пребројување се одземени над 20 илјади гласови кои претходно им биле евидентирани на кандидатите за пратеници во Собранието од оваа општина.

Како последица на тоа, ЦИК донесе одлука и за разрешување на претставниците на политичките субјекти во Општинската изборна комисија во Општина Призрен.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ