| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Динамо го победи Бетис во Шпанија, Милан убедлив против Рен
Во најинтересниот натпревар од Конфернциската лига Ајакс дома одигра 2:2 со Бодо, иако норвешкиот тим имаше водство од 2:0 до 90. минута, додека во Лига Европа изненадувачки триумф од 4:2 извојува Карабах на гостувањето кај Брага
Динамо го победи Бетис во Шпанија, Милан убедлив против Рен
Победничкиот гол за Динамо го постигна Петковиќ од пенал / Photo: Reuters / Reuters

Динамо Загреб, актуелниот хрватски шампион и единствениот тим од регионот на Западен Балкан во овосезонската елиминациска фаза од натпреварувањата на УЕФА, вчера во Севиља го победи Бетис во првиот плеј-оф натпревар за место во осминафиналето на Конференциската лига на Европа, со резултат 1:0.

Фудбалерите на Динамо, во дуел кој дотогаш не беше особено квалитетен, поведоа во 76. минута. Ријад играше со рака во шеснаесетникот на домаќините и по прегледот на ВАР беше досуден пенал за гостите. Бруно Петковиќ беше сигурен од „белата точка“ и го доведе Динамо, како што се испостави, до победата.

Бетис до крајот на мечот не успеа да израмни и покрај големиот притисок, погодената статива и уште неколку шанси.

Реваншот меѓу Динамо и Бетис се игра на 22 февруари на стадионот „Максимир“ во Загреб.

Во другите натпревари од Конфернциската лига Ајакс дома одигра 2:2 со Бодо/Глимт иако норвешкиот тим имаше водство од 2:0 до 90. минута, Макаби Хаифа како домаќин во Будимпешта го совлада Гент со 1:0, а немаше гол на средбата Сервет- Лудогорец.

Во Лига ЕВропа исто така се одиграа натпревари од осминафиналето.

Милан беше подобар од Рен со 3:0 и заврши голем дел од работата околу пласман во осминафиналето во Лига Европа. Лофтус Чик даде два гола, а реализираше и Леао, па Росонерите прилично мирно може да патуваат на реваншот во Франција.

Изненадувачки триумф од 4:2 извојува Карабах на гостувањето кај Брага, а неочекуван резултат за малку ќе имаше и на другиот меч вечерва во Португалија, Бенфика дома го победи Тулуз со 2:1 со два гола на Ди Марија од пенали, вториот во 97-ма минута. Немаше голови на средбата Ленс-Фрајбург.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Нетанјаху се појави на суд по 86-ти пат во судењето за корупција
Зеленски: Русија лансира 200 дронови и го прекина делумното примирје
Австралија: Нашите патници од крузерот со хантавирус се во добра состојба
Шест луѓе убиени во израелски воздушен напад врз Либан
Трамп фрустриран од разговорите со Иран размислува за нови напади
Четвртина Американци веруваат дека третиот обид за атентат врз Трамп е исцениран
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти
Есра Албајрак: Светот има потреба од нови глобални центри на мудрост надвор од Западот
Мировниците на ОН во Либан регистрирале повеќе од 1.296 израелски напади во последните три дена
Трамп вели дека примирјето со Иран е на ниски гранки
ЕУ ја обновува целосната соработка со Сирија
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан