| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Будимпешта одбила средба со сенатори од САД за приемот на Шведска во НАТО
Американските сенатори најавија дека ќе поднесат резолуција до Конгресот на САД со која ќе се осуди назадувањето на демократијата во Унгарија и ќе се повика владата на Орбан да ја укине блокадата на трансатлантската интеграција на Шведска
Будимпешта одбила средба со сенатори од САД за приемот на Шведска во НАТО
Разочарувачки е што ниту еден член на унгарската влада не прифати средба со американската делегација, рече сенаторката Шахин / Photo: AA / AA

Унгарската влада одбила средба со американски сенатори во Будимпешта во врска со приемот на Шведска во НАТО, јавуваат медиумите.

Џин Шахин, демократска сенаторка за Њу Хемпшир и копретседавач на Сенатската набљудувачка група на НАТО, го изрази своето разочарување на прес-конференција во неделата поради потегот на Будимпешта.

Таа потсети дека Унгарија е последната членка на НАТО што не го ратификуваше членството на Шведска во алијансата.

„Разочарувачки е што ниту еден член на унгарската влада не ги прифатил поканите за средба со американската делегација“, рече сенаторката.

Американските сенатори претходно најавија дека ќе поднесат заедничка резолуција до американскиот Конгрес со која ќе се осуди наводното назадување на демократијата во Унгарија и ќе се повика владата на премиерот Виктор Орбан да ја укине блокадата на трансатлантската интеграција на Шведска.

Дел од делегацијата се и сенаторите Том Тилис и Крис Марфи.

Орбан, пак, претходно изјави дека парламентот ќе ја ратификува понудата на пролетната сесија.

Унгарија стана единствениот сојузник во НАТО кој допрва треба да го одобри членството на Шведска во алијансата, откако турскиот парламент ја ратификуваше апликацијата на оваа нордиска земја на 23 јануари.

За прием на нова членка потребна е едногласна поддршка од сите членки на НАТО.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО во мај 2022 година по почетокот на руската војна против Украина на почетокот на истата година.

Финска се приклучи на алијансата како нејзина 31-ва членка во април 2023 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Зошто Туркије кривично го гони Нетанјаху и зошто е важен случајот
Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на 6.509
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Туркије и Катар се стремат кон 5 милијарди долари билатерална трговија
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји