Во израелските напади врз Газа загинаа 29.092 Палестинци

Министерството за здравство во опколената палестинска енклава соопшти дека во изминатите 24 часа израелските сили убиле 107 лица, а раниле 145 други

By Игор Шегавиќ
Во тековните напади на Израел врз Газа има 69.028 ранети и повредени / Photo: AA / AA

Бројот на загинати Палестинци во израелската офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 29.092, соопшти во понеделникот Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Министерството соопшти дека 69.028 други биле повредени во тековните напади.

Се додава дека во изминатите 24 часа израелските сили убиле 107 лица, а раниле 145 други.

„Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7.октомври, во кој се верува дека биле убиени речиси 1.200 Израелци.

Израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.