| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 29.400
„Најмалку 97 лица загинаа, а 132 се повредени во израелските напади во последните 24 часа. Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив.“, се вели во соопштението од Министерството.
Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 29.400
Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив / Photo: AA / AA

Бројот на загинати Палестинци во смртоносната офанзива на Израел врз Појасот Газа која трае од 7 октомври се искачи на 29.410, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата.

Министерството истакна дека досега во нападите повредени се најмалку 69.465 луѓе.

„Најмалку 97 лица загинаа, а 132 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, се вели во соопштението од Министерството.

„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, соопшти Министерството.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври, во кој се верува дека се загинати речиси 1.200 Израелци.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелските напади, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекарства, а околу 60 отсто од инфраструктурата во Појасот Газа се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки со кои ја гарантира хуманитарната помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Лавров: Индија може да посредува во односите меѓу Иран и арапските држави
Кос- Курти: Реформи и дијалог со Србија за почеток на преговорите на Косово за прием во ЕУ
Мерц го повика Иран да се врати на преговорите со САД за прекин на војната
Трамп разговараше со јапонската премиерка Такаичи по посетата на Кина
Блумберг: ОАЕ неуспешно се обидоа да ги обединат земјите од Персискиот Залив да го нападнат Иран
Турскиот и узбекистанскиот претседател се сретнаа во казахстанскиот град Туркистан
Путин следната недела ќе ја посети Кина, неколку дена по посетата на Трамп
Скандалозни најави на Бен-Гвир: Израел планира да гради нелегални населби и во Либан
Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 24
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег