| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Сенатот на САД ја отфрли резолуцијата против продажбата на Ф-16 на Туркије
Сенатот на САД со мнозинство ја отфрли предлог резолуцијата на сенаторот Ренд Пол со која требаше да се спречи продажбата на Ф-16 авиони на Туркије по одобрувањето кое го донесе Стејт Департментот
Сенатот на САД ја отфрли резолуцијата против продажбата на Ф-16 на Туркије
Резолуцијата беше отфрлена од 79 сенатори, а 13 беа „за“  / Фото: AA / AA

Американските сенатори синоќа гласаа против резолуцијата претставена од републиканскиот сенатор Ренд Пол, со која се сакаше да се блокира продажбата на борбените авиони Ф-16 и друга одбранбена опрема на Туркије, јавува Анадолу,.

Резолуцијата беше отфрлена од 79 сенатори, а 13 беа „за“.

Американскиот Стејт департмент на 26 јануари одобри продажба на Ф-16 и комплети за модернизација за Туркије во износ од 23 милијарди долари откако Анкара даде зелено светло за членството на Шведска во НАТО.

Туркије во октомври 2021 година побара од Соединетите Американски Држави 40 нови авиони Ф-16 Блок 70, како и 79 комплети за модернизација за надградба на своите преостанати Ф-16 на ниво Блок 70.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека земјата е фокусирана на воените авиони Ф-16, а не на Ф-35.

„Разговаравме со американските сенатори за чекорите што ќе ги преземеме во врска со Ф-16“, рече тој, говорејќи за неодамнешната посета на сенаторите Жан Шахин и Крис Марфи на Туркије.

Тој, исто така, рече дека турската Влада, вклучително и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, ги продолжува разговорите со американските колеги за борбените авиони.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван