| Macedonian
СВЕТ
5 МИН ЧИТАЊЕ
Започнува Форумот за дипломатија во Анталија со претставници од 147 земји
Форумот за дипломатија во Анталија претставува платформа за регионални и глобални актери од сферите на дипломатијата, политиката и бизнисот, за размена на идеи и справување со меѓународните предизвици.
Започнува Форумот за дипломатија во Анталија со претставници од 147 земји
Форумот за дипломатија во Анталија ќе трае од денеска до недела / Photo: AA / AA

19 шефови на држави, 73 министри и 57 меѓународни претставници се очекува да присуствуваат на третото издание на Форумот за дипломатија на тема „Подигнување на дипломатијата во услови на кризи” кој започна денеска во Анталија. Се очекуваат вкупно речиси 4 500 учесници од 147 земји ширум светот, дипломати и политичари, студенти, академици, граѓански организации и бизнис заедницата.

Форумот ќе опфати различни теми како што се глобалните прашања, климатската криза, миграцијата, исламофобијата, трговските војни и вештачката интелигенција.

Повеќе од 50 панели ќе се одржат на форумот од денреска до недела, со повеќе изложби.

На форумот ќе биде отворена изложбата Century of Türkiye, која ја прикажува визијата на Туркије во областа на уметноста, енергијата, одбраната и индустријата.

Дел од Форумот, исто така, ќе биде Buletproof dreams: Изложба за деца сликари од Газа, организирана од Претседателството за комуникации на Туркије за да се нагласи хуманитарната криза во Газа преку перспектива на децата.

Теми на Форумот од балканските до африканските прашања

По отворањето, ќе се одржи лидерски панел насловен „Подигнување на дипломатијата среде кризи“. На панелот, на кој ќе учествуваат претседателите на Бугарија, Косово, Сомалија и Џибути, ќе се разговара за унапредување и истакнување на дипломатијата.

Вториот панел ќе разговара за промовирање на мултилатерализмот за време на кризи, на кој ќе учествуваат претседателите на Мадагаскар, Гвинеја-Бисао и Конго.

Форумот ќе вклучува регионални сесии за Африка, Латинска Америка и Азија-Пацификот, области од географско и неодамнешно надворешно политичко значење за Туркије.

На панелот за балкански прашања ќе бидат вклучени министрите за надворешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, заедно со специјалниот претставник на Велика Британија за Балканот. Тие ќе разговараат за предизвиците и можностите во регионот.

На форумот ќе се разговара и за Црноморската организација за економска соработка и безбедносни прашања, со два панели за Евроазија и туркискиот свет.

За институционализацијата и унапредувањето на Турскиот совет во 21 век, како и за унапредување на соработката во рамките на Советот, ќе се разговара на министерско ниво. Ќе учествува и Мевлут Чавушоглу, претседател на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

На панелот Евроазија ќе се разговара за регионални прашања, како и за можностите за економска соработка.

Тоа ќе вклучува претседатели на регионални организации и претставници на некои земји кои ќе разговараат на темата „поврзаност“.

Градење блокови за траен мир на Блискиот Исток

Ќе се одржи сесија за Блискиот Исток со четири панели кои ќе се однесуваат на различни прашања во регионот.

На панелот за контакт-група Газа, чиј домаќин е турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, ќе се разговара за напорите за запирање на палестинското прашање и тековниот масакр во Газа и ќе се разменат мислења.

На панелот, кој ќе се одржи меѓу членовите на контакт групата, се планира да бидат вклучени вицепремиерот и министерот за надворешни работи на Јордан, заедно со министрите за надворешни работи на Палестина, Египет и Саудиска Арабија.

Панелот насловен како Градежни блокови за траен мир на Блискиот Исток, исто така, ќе се осврне на неодамнешните настани во Газа.

Во него ќе бидат вклучени министрите за надворешни работи на Либан и Палестина, заменик-министерот за надворешни работи на Бахреин и заменик-генералниот секретар на Арапската лига.

На тркалезната маса академици ќе разговараат и за гарантниот модел на Туркије за постигнување трајно решение на палестинското прашање.

Четвртиот панел, фокусиран на Блискиот Исток, ќе се одржи на експертско ниво, со што ќе се соберат новинари и мислители од регионот за да разговараат за како може да се создаде нова почва на Блискиот Исток.

Меѓународна политика и безбедност

На панелите за „Меѓународна политика и безбедност“ ќе се дискутираат различни теми, вклучувајќи ја и улогата на жените во безбедноста и дипломатијата.

Сесијата насловена “Жените, мирот и безбедноста“, предводена од првата дама на Туркије Емине Ердоган, ќе има посебно учество на високо ниво.

На форумот ќе се разговара и за расизмот, ксенофобијата, исламофобијата и медијацијата.

Панелот за климатската криза, кој исто така ќе се однесува на енергетиката и безбедноста на храната, ќе вклучи учество од Африка и Блискиот Исток.

Сесијата ќе ги поддржи помалку развиените земји, со учество на претставници од Технолошката банка на ОН и Центарот за развој на приватниот сектор на УНДП.

Ќе се одржи и состанок на тркалезна маса насловена како “Меѓународната трговија, поврзаноста и меѓузависноста“, на која ќе присуствува и потпретседателот на Туркије Џевдет Јилмаз.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД