| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Чесниот народ на Западот не е рамнодушен кон бруталностите во Газа
Чинот на американски војник, кој се самозапали зашто не можеше да го поднесе своето соучесништво во масакрот во Газа, е јасен показател за кризата на легитимноста на меѓународниот систем, рече Фидан на отворањето на Дипломатскиот форум во Анталија
Фидан: Чесниот народ на Западот не е рамнодушен кон бруталностите во Газа
Исламскиот свет, глобалниот југ, совесните луѓе на Западот се на нозе, но извршителите на масакрот се слепи и глуви на овие извици, рече Фидан / Photo: AA / AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, говорејќи на отворањето на третиот Дипломатски форум во Анталија, рече дека чесниот народ на Западот повеќе не е рамнодушен кон бруталностите во Газа.

На почетокот на поздравното обраќање, Фидан истакна дека Дипломатскиот форум во Анталија стана важен бренд и платформа на идеи во дипломатијата, со акцент на плурализмот и реалните проблеми.

Потоа се осврна на ситуацијата во Газа која од 7 октомври е цел на брутални израелски напади, поконкретно на неадекватните реакции на ситуацијата во Газа.

„Чинот на американски војник кој се самозапали затоа што не можеше да го поднесе своето соучесништво во масакрот во Газа е јасен показател за кризата на легитимноста на меѓународниот систем“, рече Фидан.

Министерот Фидан истакна дека денес се забележува дека „чесните луѓе на Западот повеќе не се рамнодушни кон оваа бруталност во Газа“.

„Исламскиот свет, глобалниот југ, совесните луѓе на Западот се на нозе. Сепак, извршителите на масакрот се слепи и глуви на овие извици“, рече Фидан.

Најмалку 193 Палестинци загинаа, а 920 се повредени во израелските напади во енклавата во последните 24 часа, соопшти денес Министерството за здравство во Појасот Газа. Bилансот на загинати достигна 30.228 лица.

„Израелската окупација изврши 13 масакри врз семејствата во Појасот Газа, оставајќи 193 загинати и 920 повредени во текот на изминатите 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава од Министерството.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД