| Macedonian
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Жените со повеќе здравствени придобивки од редовното вежбање отколку мажите
Кај жените кои вежбале 140 минути умерени аеробни вежби неделно, забележан е 18 отсто помал ризик од прерана смрт, а мажите, за да го постигнат истиот бенефит од вежбањето како жените, морале да вежбаат двојно повеќе
Жените со повеќе здравствени придобивки од редовното вежбање отколку мажите
Студијата исто така откри дека со пократко времетраење на вежбање, жените постигнувале слични или поголеми здравствени придобивки од мажите / Photo: Reuters / Reuters

Речиси сите имаат корист од редовното вежбање, но жените имаат поголема корист од мажите, особено кога станува збор за кардиоваскуларното здравје, покажа студијата објавена во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија.

Студијата исто така откри дека со пократко времетраење на вежбање, жените постигнувале слични или поголеми здравствени придобивки од мажите, пишува порталот „Медикал Њуз Тудеј“.

Научниците од Националниот институт за здравје на САД ја следеле здравствената состојба на голема група од 400.000 мажи и жени во САД дваесет години.

Тие заклучија дека жените кои редовно вежбале имале 24 отсто помали шанси да умрат предвреме од која било причина во периодот на студијата. Во исто време, тие имале 36 отсто помал ризик од смртоносен срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни проблеми во споредба со жените кои не вежбале редовно.

Според резултатите од истото истражување, мажите кои редовно вежбале имале 15 отсто помала веројатност за прерана смрт и 14 отсто помал ризик од фатален кардиоваскуларен исход во споредба со мажите кои претпочитале седечки начин на живот.

Така, студијата покажала дека жените од редовното вежбање имаат поголема здравствена корист од мажите кога станува збор за намален ризик од смрт и кардиоваскуларни болести.

Колку треба да вежбате?

Научниците открија дека околу 300 минути умерена физичка активност или 110 минути енергична физичка активност неделно се доволни за мажите.

Кај жените кои вежбале 140 минути умерени аеробни вежби неделно, забележан е 18 отсто помал ризик од прерана смрт, додека само 57 минути енергични аеробни вежби неделно резултирале со 19 отсто помал ризик од смрт, што значи дека жените имаат поголема корист. од пократки периоди на вежбање.

Мажите, за да го постигнат истиот бенефит од вежбањето како жените, морале да вежбаат двојно повеќе од жените. Така, кај нив е забележан 18 отсто помал ризик од смрт по 300 минути умерено аеробно вежбање неделно и 19 отсто помал ризик по 110 минути интензивно вежбање неделно.

Тренингот за сила е исто така важен

Придобивките од редовното вежбање не се ограничени само на кардио вежбите, се покажало дека е важен и тренингот за сила, а и во овој случај е забележан поголем бенефит кај жените во споредба со мажите.

На пример, кај жените кои редовно практикувале тренинзи за сила, забележан е 19 отсто помал ризик од смрт, додека кај мажите овој процент бил 11 отсто во споредба со нивните неактивни врсници.

Кај жените е забележан 30 отсто помал ризик од кардиоваскуларни проблеми, а кај мажите, кај тренинзите за сила, тој изнесува 11 отсто.

Научниците велат дека причина за тоа веројатно е фактот што машките тела се анатомски и физиолошки различни од женските.

Разликите се видливи во невромускулната функција, капиларната густина и циркулација, метаболизмот на мастите и моментот кога се појавува глад.

Важен заклучок од оваа студија е дека, без разлика на полот, редовното вежбање значително влијае на намалениот развој на кардиоваскуларни проблеми“, заклучи д-р Елинор Левин, кардиолог и професор на Стенфорд.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран