| Macedonian
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Отруени од зачнување: Микропластика откриена во плацентите на родилки
Истражувачите анализирале вкупно 62 примероци од плацентата во кои концентрациите се движеле од 6,5 до 790 микрограми на грам ткиво, а најчестиот вид откриена пластика е полиетилен, кој се користи за производство на пластични кеси и шишиња
Отруени од зачнување: Микропластика откриена во плацентите на родилки
Микропластиката неодамна е откриена и во човечката крв и во мајчиното млеко / Photo: Garcia et al., Toxicological Science

Микропластиката е пронајдена во сите човечки плаценти и артерии испитани во две одделни научни студии, американски и кинески, што може да доведе до заклучок дека микропластиката може да има негативен ефект врз развојот на фетусот, како и да доведе до затнување на крвните садови.

Микропластика е пронајдена во секој примерок од човечка плацента тестиран во најновото истражување во САД, поради што научниците се крајно загрижени за потенцијалните последици по здравјето на фетусот, пишува Гардијан.

Истражувачите анализирале вкупно 62 примероци од плацентата и откриле дека најчестиот вид пластика откриена е полиетилен, кој се користи за производство на пластични кеси и шишиња. Друга студија открила микропластика во сите 17 тестирани примероци на ткиво на артериите, а научниците сугерираат дека овие пластични честички се поврзани со затнувањето на крвните садови.

Микропластиката неодамна е откриена и во човечката крв и во мајчиното млеко, што покажува до кој степен микропластиката ги контаминирала човечките тела. Какви последици тоа ќе има врз здравјето се уште не е познато, но се покажа дека микропластичните честички предизвикуваат оштетување на човечките клетки во лабораторија. Микропластиката може да се акумулира во некое ткиво и да предизвика воспаление, слично како микрочестичките од загадениот воздух, а оштетување може да предизвикаат и хемикалиите од пластика.

Професорот Метју Кампенод Универзитетот во Ново Мексико во САД, кој го водел истражувањето, вели: „Ако го видиме влијанието на микропластиката врз плацентата, тогаш апсолутно целиот живот на цицачите на планетата би можел да биде загрозен. Тоа воопшто не е добро!“

Тој исто така рече дека зголемената концентрација на микропластика во човечките ткива може да го објасни невообичаеното зголемување на случаите на одредени здравствени проблеми, вклучително и воспалителна болест на цревата (ИБД), рак на дебелото црево кај луѓе под 50 години и намалување на бројот на сперматозоиди кај мажите.

Студијата од 2021 година откри дека луѓето со воспалителна болест на цревата имаат до 50 проценти повеќе микропластични честички во нивната столица.

Кампен вели дека е длабоко загрижен за зголеменото производство на пластика во светот бидејќи тоа значи дека „проблемот со микропластиката во животната средина само ќе се зголемува“.

Во текот на истражувањето објавено во списанието Toxicological Science, микропластични честички беа пронајдени во сите тестирани примероци на плацентата, а концентрациите се движеа од 6,5 до 790 микрограми на грам ткиво.

По полиетиленот, најчеста пластика пронајдена е ПВЦ и најлон.

Микропластичните честички беа анализирани со помош на специјални хемикалии и процес на центрифуга што ги одвојува од ткивото, а потоа ги загрева со цел да се анализираат хемиските потписи карактеристични за секој поединечен тип на пластика.

Научниците од Медицинскиот факултет „Капитал“ во Пекинг, Кина, ја користеле истата техника и откриле микропластика во примероци од човечките артерии.

Микропластиката е откриена за прв пат во човечката плацента во 2020 година од примероците на четири здрави жени од Италија кои имале нормална бременост и породување.

„Микропластиката содржи супстанции кои го нарушуваат нормалното функционирање на жлездите, што може да предизвика долгорочни ефекти врз здравјето на луѓето“, велат научниците.

„Концентрацијата на микропластика во плацентата беше особено загрижувачки“, рече Кампен. Имено, ткивото на плацентата расте само осум месеци, бидејќи почнува да се формира околу еден месец по почетокот на бременоста. „Другите органи на нашето тело собираат пластика во многу подолги временски периоди“, додаде тој. Тоа значи дека микропластиката многу брзо се таложи во нашето тело.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран