| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Првата дама на Туркије ја нагласи инклузивноста како услов за траен мир
Обраќајќи се на Сесијата за жени, мир и безбедност на Форумот за дипломатија во Анталија, Емине Ердоган рече: „Не смееме да заборавиме дека траен и одржлив мир произлегува од процес во кој никој не е оставен зад себе“.
Првата дама на Туркије ја нагласи инклузивноста како услов за траен мир
Првата дама на Туркије Емине Ердоган се обрати на Сесијата за жени, мир и безбедност на Форумот за дипломатија во Анталија/Фото: AA / Others

Емине Ердоган првата дама на Туркије ја истакна важноста на улогата на жените во постигнувањето траен и одржлив мир во светот.

Обраќајќи им се на сопружниците на лидерите и учесниците на Сесијата за жени, мир и безбедност на Форумот за дипломатија во Анталија, Емине Ердоган рече:

„Не смееме да заборавиме дека траен и одржлив мир произлегува од процес во кој никој не е оставен зад себе“.

„Не може да се очекува успех на мировниот процес сè додека не се вклучени жените, кои се основен и трансформативен дел од општеството“, истакна таа.

„Никогаш нема да им се поклониме на оние кои се обидуваат да го намалат тешко стекнатото меѓународно право и правосуден систем, стекнати со скапо платена цена со една обична писмена изјава“, нагласи Ердоган.

Подвлекувајќи дека државите низ светот моментално се соочуваат со кризи од толкава големина што ниту една земја не може сама да се справи со нив, таа посочи:

„Основите на вредностите и институциите кои не држат заедно како човештво никогаш не биле така длабоко потресени во поновата историја“.

„Овој состанок не го одржуваме во мирна средина, туку за жал, под темната сенка на војната“, додаде Ердоган, мислејќи на тековната израелска војна во Газа.

„Во ера каде поларизацијата и расизмот се во пораст, нетолеранцијата и алчноста ја поттикнуваат омразата, одржувањето на мирот и редот станува сè потешко“, додаде таа.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз палестинската Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој Тел Авив рече дека се убение околу 1.200 луѓе.

Најмалку 30.320 Палестинци оттогаш се убиени, а уште 71.533 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Газа, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Војната на Израел предизвика 85 отсто од населението во Газа да биде внатрешно раселео поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоци на ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.

Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да престане со геноцидните акти и да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Ситуацијата продолжува да предизвикува загриженост на меѓународната сцена, нагласувајќи ја итната потреба од дипломатска интервенција и хуманитарна помош во регионот опфатен со конфликти.

ИЗВОР:TRT World
Повеќе
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија