| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Косовската претседателка: „Русија го има вперено погледот кон Балканот“
„Русија го има вперено погледот кон Балканот и сака да отвори нов фронт против Западот“, истакна Османи на Дипломатскиот форум во Анталија
Косовската претседателка: „Русија го има вперено погледот кон Балканот“
Косовската претседателка: „Русија го има вперено погледот кон Балканот“ / Photo: AA / AA

АНТАЛИЈА, (АА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека „Русија го вперила својот поглед кон Балканот“, јавува Анадолу.

Османи на панел-дискусија на Дипломатскиот форумот во Анталија изјави дека Косово се обидува да ги одржи мирот и стабилноста, заедно со засегнатите страни.

„Русија го има вперено погледот кон Балканот и сака да отвори нов фронт против Западот“, рече таа.

Истакнувајќи дека исходот од руско-украинската војна ќе биде пример за светот, таа рече дека Косово го поддржува „мирот што го сака Украина“ и светскиот поредок заснован на владеењето на правото.

Рускиот претседател Владимир Путин е загрижен само за себе во агресијата на Москва врз Украина, рече Османи.

„Сметам дека диктаторите не размислуваат за својот народ. (Поранешниот претседател на Југославија, Слободан) Милошевиќ исто така загуби стотици илјади свои војници, но тој се грижеше само за себе. Путин, исто така, се грижи само за себе, а не за своите стотици илјади војници“, рече таа.

Таа истакна дека дури и војна во далечна земја економски влијае на целиот свет, а како пример ја посочи руско-украинската војна.

Привлекувајќи внимание на важноста на Црноморската иницијатива за извоз на жито, Османи рече дека таа покажала дека дипломатијата може да се фокусира не само на безбедноста, туку и на економијата.

- Круцијалната улога на дипломатијата -

Истакнувајќи ја важноста на поддршката на пријателските земји во турбулентни времиња, претседателката Османи истакна дека Косово придава важност за воспоставување партнерства со земји и блокови како што се ЕУ, Туркије, САД и Бугарија.

Османи истакна дека Косово е многу млада земја. „Во дипломатијата, дури и малите придобивки се достигнувања и победи. Не можете да постигнете сè одеднаш. Искрено, понекогаш правиме многу мали чекори кон иднината“, рече таа.

Наведувајќи дека поддршката за земји кои минуваат низ тешки времиња не треба да биде еднократен настан, косовската претседателка истакна дека меѓународните сили треба да продолжат со поддршката и по прекинот на граѓанскиот конфликт во една земја.

„Навистина голема добивка за нас беше тоа што меѓународното јавно мислење и меѓународната заедница посебно дојдоа и застанаа покрај нас и потоа воспоставија мир“, рече таа, мислејќи на турбулентните времиња низ кои помина Косово за време на војната.

Објаснувајќи дека во војните и конфликтите страдаат невини луѓе, жени и деца, Османи истакна дека Обединетите нации не треба да остануваат бесчувствителни на тие прашања и дека нејзината земја е подготвена да ја даде потребната поддршка во такви моменти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Најмалку пет лица убиени во новите израелски напади врз јужен Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави