| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Се прават сериозни напори за прекин на огнот во Газа пред Рамазан
Туркије ги поддржува ставовите дека постојните практики на меѓународната заедница во однос на Газа сега треба да се остават настрана во корист на преземање еднострани дејствија
Фидан: Се прават сериозни напори за прекин на огнот во Газа пред Рамазан
На ДФА се разоткриени двојните стандарди на некои меѓународни актери и нивното занемарување на меѓународното право, рече Фидан / Photo: AA / AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека на овогодинешниот Дипломатски форум во Анталија (АДФ) се разоткриени двојните стандарди на некои меѓународни актери за различни прашања и нивното занемарување на меѓународното право, јавува Анадолу.

Говорејќи на церемонијата на затворање на форумот, кој се одржа во јужна Туркије овој викенд, министерот Фидан рече дека во тек се „сериозни напори за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа пред муслиманскиот свет месец Рамазан“.

„Туркије ги поддржува ставовите дека постојните практики на меѓународната заедница во однос на Газа сега треба да се остават настрана во корист на преземање еднострани дејствија“, истакна Фидан и додаде:

„На овогодинешниот Дипломатски форум во Анталија се разоткриени двојните стандарди на некои меѓународни актери по различни прашања и нивното занемарување на меѓународното право.“

Фидан додаде дека на овогодинешниот Дипломатски форум во Анталија учествувале 4.700 гости од 148 земји.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД