| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израел бомбардираше масовна гробница со стотици убиени Палестинци во Газа
Тимовите за цивилна одбрана работат на повторно закопување на телата кои беа исфрлени на површината на земјата како резултат на нападот врз бегалскиот камп Џабалија во северна Газа
Израел бомбардираше масовна гробница со стотици убиени Палестинци во Газа
Палестинското Министерство за здравство во неделата објави дека бројот на загинати во израелските напади врз Газа достигна 30.410 / Photo: AA / AA

Израелски воени авиони бомбардираа масовна гробница во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, каде што беа погребани телата на стотици Палестинци претходно убиени во израелските напади.

Ахмед ал-Кахлут, шеф на единицата за цивилна одбрана во северна Газа, изјави за Анадолу дека телата биле исфрлени на површината на земјата како резултат на бомбардирањето.

Според него, екипите на цивилната одбрана вложиле големи напори за повторно закопување на телата.

Неможејќи да најдат места за гробовите за да ги закопаат илјадниците Палестинци убиени во повеќемесечниот масакр, жителите на Газа се принудени да ги закопаат своите најблиски во масовни гробници.

Палестинското Министерство за здравство во неделата објави дека бројот на загинати во израелските напади врз Газа достигна 30.410.

На 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напад и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот, по барањето за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД