| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
За два дена убиени 127 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во Газа
Според податоците на ОН, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништен
За два дена убиени 127 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во Газа
Од Хамас велат дека таргетирањето конвои со хуманитарна помош е показател за упорниот однос на Израел кон геноцидот и етничкото чистење / Photo: AA / AA

Иако привремените пресуди на Меѓународниот суд на правдата (МСП) против Израел на 26 јануари вклучуваа „обезбедување пристап до хуманитарна помош во Појасот Газа“, израелските сили продолжија да убиваат цивили кои се обидуваа да стигнат до хуманитарна помош.

За само два дена во израелските напади загинаа 127, а беа ранети повеќе од 760 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош.

Според Обединетите нации, поради геноцидната офанзива на обвинетиот Израел, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од енклавата инфраструктурата е оштетена или уништена

Кон крајот на 2023 година, Јужна Африка поднесе жалба до МСП, обвинувајќи го Израел дека не ги исполнил своите обврски од Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Судот на Обединетите нации во јануари донесе привремена одлука дека тврдењата на Јужноафриканската Република се убедливи. Тој нареди привремени мерки за Владата на Израел да се откаже од геноцидните акти и да преземе мерки за обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа.

Сепак, според палестинското Министерство за здравство во Газа, израелската армија убила повеќе од 127 и ранила повеќе од 760 Палестинци кои чекале да добијат хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа и во Деир ал Балах.

Во утринските часови на 29 февруари, израелската армија ги гаѓаше Палестинците кои чекаа хуманитарна помош со гранатирање и отворање оган на раскрсницата Наблуси на улицата Рашид, на југот на градот Газа, која го поврзува северот со југот на Појасот Газа.

Во израелскиот напад врз луѓето кои чекале хуманитарна помош загинале 118 лица, а 760 биле повредени.

Палестинската влада во Газа нагласи дека нападот на Израел врз оние кои чекаат хуманитарна помош бил „намерен и планиран“ .

„Окупациската армија знаеше дека овие луѓе дојдоа во регионот за да добијат хуманитарна помош, но ладнокрвно ги уби.“

Во писмената изјава на израелската војска се тврди дека „жителите на Газа ги опколиле камионите и почнале да ја ограбуваат помошта“, а некои Палестинци биле „повредени во тепачката и стампедото“.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир изјави дека ги поддржува израелските војници кои отворија оган врз Палестинците кои чекаат да добијат хуманитарна помош, нарекувајќи ги „херои“.

Овој напад предизвика силни реакции на регионално и меѓународно ниво, како и барања Советот за безбедност на ОН да отвори независна истрага и да преземе мерки.

Нов напад се случи на 3 март. Девет лица загинаа, а десетици се повредени како резултат на напад на израелската армија врз возило за хуманитарна помош во централниот дел на блокираниот Појас Газа.

Според информациите добиени од медицински извори и очевидци, цел на Израел било возило со хуманитарна помош во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Хамас жестоко реагираше на нападите, велејќи дека таргетирањето конвои со хуманитарна помош, од кои последниот беше камион во градот Деир ал Белах, е „показател за упорниот однос на Израел кон геноцидот и етничкото чистење“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ