| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
ИЈЗ: Над 13 отсто од децата од 6 до 9 години живеат со дебелина
Физичката неактивност кај децата, заради намалените безбедни животни средини што промовираат активна игра и движење, доведува до помалку движење и зголемена употреба на електронски уреди како дел од клучните детерминанти на дебелина, велат од ИЈЗ
ИЈЗ: Над 13 отсто од децата од 6 до 9 години живеат со дебелина
ИЈЗ повеќе од 10 години ја спроведува Иницијативата на СЗО за следење на дебелина кај децата позната како ЦОСИ / Photo: Институт за јавно здравје

Повеќе од 30 проценти од децата на возраст од 6 до 9 години во земјава живеат со зголемена телесна тежина, а 13,8 отсто од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден на дебелина 4 март.

„Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите - од пет до 19 години. Во Северна Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990 година, велат од ИЈЗ.

Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот ЦОСИ (COSI), имплементирана во 45 држави од европскиот регион.

„Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата, преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната средина. Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во нашата држава живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Според податоците на Институтот, повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски - богата храна, како што се додава, е значаен фактор што придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата.

„Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, што промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина. Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во нашата држава се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, посочуваат од ИЈЗ.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван