| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ: Западот бара од Србија да го признае Косово и да се откаже од Српска
Врз Србија се врши притисок од различни групи кои дејствуваат синхронизирано, а кои, како што рече, сакаат враќање на стариот „марионетски“ режим со кој можат да управуваат, рече Вучиќ во обраќањето до граѓаните од Претседателството на Србија
Вучиќ: Западот бара од Србија да го признае Косово и да се откаже од Српска
Вучиќ потсети на изјавите дека Србија ќе ги трпи последиците поради тоа што не се приклучи кон санкциите против Русија / Photo: AA / AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека едно од барањата на Западот е Србија да го признае Косово и во рамките на тоа се бара и „Србија да се откаже од Република Српска (РС)“.

Вучиќ во обраќањето до граѓаните од Претседателството на Србија, наведе дека Западот од Србија очекува три работи: да го признае Косово, да воведе санкции кон Русија и во Србија да се воведе марионетски режим.

Како дел од првото барање, за признавање на Косово, Вучиќ рече дека има и уште едно барање „Србија да се откаже од Република Српска“.

„Откажувањето од РС е една клучна причина. Иако многумина се смееја, факт е дека работите во Украина не одат така лесно како што мислеа многумина на Запад, а против Русија. Русите се тие кои ја имаат иницијативата“, рече Вучиќ.

Како што наведе, во рамките на тоа важно е откажувањето од Република Српска и „Србија активно да работи против РС и само кога ќе се откажеме од неа ќе бидеме добри“.

Вучиќ тврди дека врз Србија се врши притисок од различни групи кои дејствуваат синхронизирано, а кои, како што рече, сакаат враќање на стариот „марионетски“ режим со кој можат да управуваат. Вучиќ потсети на изјавите дека Србија ќе ги трпи последиците поради тоа што не се приклучи кон санкциите против Русија.

Тој, исто така, рече дека состојбата со динарот во Косово на ниту еден начин не е подобрена или променета на подобро и покрај обидите на меѓународните претставници, и додаде дека притисокот врз српскиот народ во Косово и врз државата Србија ќе биде поголем.

„Ситуацијата околу динарот во Косово и Метохија на ниту еден начин не е поправена или променета на подобро, и покрај обидите на меѓународните претставници да помогнат по прашањето на тешката положба на српскиот народ и да ги убедат властите во Приштина да ги променат своите одлуки“, рече Вучиќ.

Како што рече, нема никакви индиции дека тие одлуки ќе бидат променети.

„И соодветно на тоа, во наредниот период ние ќе бидеме принудени да донесеме различни одлуки со кои ќе се снаоѓаме или изнаоѓаме алтернативни решенија за снабдувањето со пари, односно исплатата на бенефициите, од платите до пензиите на нашиот народ во Косово и Метохија. Ова го кажав поради тоа што е сосема јасно дека никому не му се брза по ова прашање. Тој притисок нема да биде поголем врз Албанците, туку ќе биде само поголем притисокот врз српскиот народ и врз државата Србија“, истакна Вучиќ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије и Словенија ја потврдуваат посветеноста кон зајакнувањето на билатералните односи
Алиу: Со програмата „EУ за здравје“ добивме пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство
Над 2 милиони луѓе се евакуираат откако два тајфуни ѝ се закануваат на Јапонија со обилни дождови
Смртните случаи од давење поврзани со топлотниот бран се искачија на 55 во Франција
Сè повеќе млади Турци посетуваат библиотеки- што го поттикнува овој пораст на интерес?
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје