| Macedonian
По 29 години пронајдено украденото Ферари на Ф1 легендата Герхард Бергер
Црвеното Ферари Ф512М Тестароса, проценето на 350.000 фунти беше украдено додека австриската легенда се подготвуваше да се натпреварува за Големата награда на Сан Марино во април 1995 година
По 29 години пронајдено украденото Ферари на Ф1 легендата Герхард Бергер
Црвеното Ферари Ф512М Тестароса беше украдено во 1995 година / Фото: AA  / AA

Пронајдено е Ферарито украдено од легендата на Формула 1, Герхард Бергер пред 29 години, соопшти лондонската полиција.

Црвеното Ферари Ф512М Тестароса, проценето на 350.000 фунти беше украдено додека австриската легенда се подготвуваше да се натпреварува за Големата награда на Сан Марино во април 1995 година.

Украденото Ферари, заедно со другото што му припаѓаше на неговиот колега од Формула 1, Жан Алеси, исчезнаа, предизвикувајќи шпекулации дека болидите биле насочени за одредена цел.

Сребрено-сивиот Ф-355 модел што му припаѓа на Алеси и натаму не е прнајден. По опсежната истрага која се протега речиси три децении, Единицата за организиран криминал за возила на лондонската полиција дојде до нови сознанија на почетокот на оваа година.

Ферари, италијанскиот производител на автомобили, објави сомневања за возило што го купил американски купувач преку брокер во Велика Британија. По прегледот, беше откриено дека автомобилот бил транспортиран во Јапонија набргу по неговата кражба во 1995 година, пред повторно да се појави на пазарот кон крајот на 2023 година.

Брзата акција на полициските службеници спречила автомобилот да биде повторно изнесен.

„Украденото Ферари со вредност од околу 350.000 фунти пред речиси 29 години и успеавме да го пронајдеме“, рече Мајк Пилбим, полициски службеник.

„Нашите прашања беа макотрпни и вклучија контакт со властите од целиот свет. Работевме брзо со партнери, вклучително и Националната агенција за криминал, како и Ферари и меѓународните салони за автомобили, а оваа соработка беше клучна во утврдување на потеклото на возилото и спречувањето да ја напушти земјата“, додаде тој.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука