| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Еуро-Мед Монитор: Израелски тенкови намерно газеле живи Палестинци
Организацијата го документирала и убиството на Палестинец на 29 февруари во Ал Зајтун во градот Газа, откако беше уапсен, сурово испрашуваан од израелски војници, кои му ги врзале рацете со пластични лисици пред да го прегазат со воено возило
Еуро-Мед Монитор: Израелски тенкови намерно газеле живи Палестинци
Групата го повтори својот повик до меѓународната заедница веднаш да ги спроведе своите меѓународни обврски за запирање на геноцидот / Photo: AA / AA

Еуро-Мед монитор за човекови права во неделата објави извештај дека израелски тенкови „намерно“ прегазиле повеќе од дузина живи Палестинци во Појасот Газа.

Организацијата со седиште во Женева ги опиша овие злосторства како „дел од израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа“.

Еуро Мед Монитор објави неколку случаи кога израелските сили прегазиле палестински цивили, вклучително и маж на 29 февруари, семејство на 23 јануари, раселени луѓе во декември 2023 година и друго семејство на 20 февруари.

Еуро-Мед Монитор го документира убиството на Палестинец, кој на 29 февруари беше намерно прегазен во населбата Ал Зајтун во градот Газа, откако беше уапсен. Човекот бил подложен на сурово испрашување од страна на припадниците на израелската армија, кои му ги врзале рацете со пластични лисици со патент пред да го прегазат со воено возило.

Меѓу документираните инциденти е и тој од 23 јануари, кога израелски тенк ги прегази членовите на семејството Ганам додека спиеле во засолниште во областа Таиба Тауерс во Кан Јунис. Како резултат на тоа, таткото и неговата најстара ќерка загинале, а неговите преостанати три деца и сопругата биле повредени.

„Еуро-Мед Монитор потврди дека сите овие прекршувања се дел од поголемите израелски напори за дехуманизација на секој Палестинец во Појасот Газа, со цел да се оправдаат и нормализираат злосторствата извршени против нив“, се додава во соопштението.

Групата го повтори својот повик до меѓународната заедница „веднаш да ги спроведе своите меѓународни обврски за запирање на геноцидот што Израел го врши врз сите Палестинци во Појасот Газа околу пет месеци“.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи најмалку 30.534 луѓе и предизвикувајќи масовно уништување и недостиг на залихи во блокираната палестинска енклава.

На 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напад и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК