| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хуманитарната помош на Туркије за Газа стигна до Јордан
Туркије е непоколеблива во својата поддршка за Палестина и ќе продолжи да прави напори за да обезбеди секаков вид поддршка на палестинскиот народ целосно во рамките на напорите за хуманитарна помош, велат од турското министерство за одбрана
Хуманитарната помош на Туркије за Газа стигна до Јордан
Воениот транспортен авион A400M е полн со здравствени материјали / Photo: AA / AA

Туркије испрати воен транспортен авион во Јордан за да достави хуманитарна помош за Појасот Газа, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.

„Здравствените материјали подготвени за нашите браќа и сестри од Газа беа доставени во Јордан со авион од типот А400М што полета од 12-та главна команда на воздушниот транспорт во Кајсери“, соопшти Министерството на Х.

Според министерството, Туркије е непоколеблива во својата поддршка за Палестина и ќе продолжи да прави напори за да обезбеди секаков вид поддршка на палестинскиот народ целосно во рамките на напорите за хуманитарна помош.

Израел започна смртоносна офанзива на појасот Газа по прекуграничниот упад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Израелската војна турна 85 отсто од населението на Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија