| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Борел: Советот за безбедност на ОН да воспостави прекин на огнот во Газа
„Се приклучувам на повикот на американската потпретседателка Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа“, објави Борел на социјалната мрежа Х
Борел: Советот за безбедност на ОН да воспостави прекин на огнот во Газа
Борел: Советот за безбедност на ОН да воспостави прекин на огнот во Газа / Photo: AA / AA

Високиот комесар на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, вчера го поздрави апелот на потпретседателката на САД, Камала Харис, за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека Советот за безбедност на ОН може да донесе резолуција за таков чекор.

„Се приклучувам на повикот на американската потпретседателка Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа. Не би требало да постои никаква пречка за резолуција во Советот за безбедност на ОН во тој контекст“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Претходно САД со користење вето блокираше неколку резолуции за прекин на огнот во Газа.

Согласувајќи се со зборовите на американската потпретседателка Харис дека се убиени премногу луѓе во Газа од 7 октомври, Борел го повика Израел да дозволи непречен хуманитарен пристап на Палестинците во Газа.

„Време е Советот за безбедност на ОН да дејствува“, порача шефот на ЕУ-дипломатијата, Борел.

Говорејќи во неделата во сојузната американска држава Алабама, Харис рече дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Газа.

„Имајќи предвид на огромните размери на страдање во Газа, мора да постои моментен прекин на огнот најмалку во следните шест недели, што во моментов е на маса“, рече американската потпретседателка Харис.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%