| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Беќировиќ: Посетата на Баербок е показател за силната поддршка за БиХ
Германската министерка за надворешни работи е исклучително добро запознаена со околностите во нашата земја и јасно ги означи политичарите кои не постапуваат во согласност со Дејтонскиот мировен договор, изјави Беќировиќ
Беќировиќ: Посетата на Баербок е показател за силната поддршка за БиХ
Членот на Претседателството на БиХ, Беќировиќ оцени дека би било важно Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори овој месец / Photo: AA / AA

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, оцени дека посетата на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Баербок е исклучително важна и уште еден показател за силната поддршка на Сојузна Република Германија на државата Босна и Херцеговина.

По повод синоќешната средба во Претседателството на БиХ, од Кабинетот на Беќировиќ соопштија дека тој истакнал дека Босна и Херцеговина ги дефинирала надворешнополитичките цели- членството во ЕУ и НАТО.

„Во оваа смисла, би било важно Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина овој месец. Донесувањето одлука за почеток на преговори би било стимулативно за Босна и Херцеговина на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, но и големо охрабрување за граѓаните на нашата земја“, рече Беќировиќ.

Се додава дека тој детално ја информирал Баербок за антидејтонските и антиуставните активности на Милорад Додик, претседателот на ентитетот на БиХ, Република Српска. наведувајќи:

„Се додека тие го загрозуваат мирот и државата Босна и Херцеговина, важно е да имаме цврста соработка меѓу меѓународната заедница и домашните власти во запирање на сепаратистичката политика“.

За време на разговорот, тој укажа на блиските и сестрани економски, политички, културни и други врски меѓу Босна и Херцеговина и Германија, која е еден од најважните надворешно трговски партнери, како и дека во последните години евидентиран е дополнителен раст на трговската размена меѓу двете земји.

„Многу е важно што министерката Баербок, цврсто и безрезервно ја поддржа независноста и суверенитетот на Босна и Херцеговина, укажувајќи на погубноста на политиката која се залага за промена на државните граници во Европа. Посебно треба да се нагласи дека министерката е исклучително добро запознаена со околностите во нашата земја и дека јасно ги означи политичарите кои не постапуваат согласно Дејтонскиот мировен договор“, додаде Беќировиќ.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран