| Macedonian
РЕГИОН
1 МИН ЧИТАЊЕ
Мечка нападнала дански турист на Шар Планина
Мечка денеска нападнала дански турист, кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.
Мечка нападнала дански турист на Шар Планина
Мечка нападнала дански турист на Шар Планина / Photo: MIA / MIA

Мечка денеска нападнала дански турист, кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), нападот се случил околу 10.45 часот во месноста Јелак на Шар Планина.

„Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон Тетовската болница, каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите“, соопшти ЦУК.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов се упатил кон Попова Шапка од каде, како што се наведува, ќе даде видео изјава со детали за нападот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори