| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Екстремната левица со пожар ја саботираше гигафабриката на Тесла
Откако полицијата соопшти дека започнала истрага за сомневање за подметнување пожар, одговорност за чинот презедоа екстремно левичарските активисти од таканаречената Вулкангрупе (Вулканска група)
Екстремната левица со пожар ја саботираше гигафабриката на Тесла
Одговорност за чинот презеде екстремно левичарската Вулкангрупе/ Фотографија: DPA / DPA

Тесла го запре производството во својата германска фабрика откако високонапонските линии што ја снабдуваа единствената европска фабрика на производителот на автомобили беа запалени во чин на „саботажа“ за која одговорност превзема екстремно левичарска група.

Службите за итни ситуации биле повикани во раните утрински часови во вторникот по пријава запален електричен столб југоисточно од Берлин, во близина на централата на Тесла.

Пожарот беше изгаснат, но оштетувањето на линиите ја прекина струјата во фабриката, како и во околните села.

Откако полицијата соопшти дека започнала истрага за сомневање за подметнување пожар, одговорност за чинот презедоа екстремно левичарските активисти од таканаречената Вулкангрупе (Вулканска група).

„Со нашата саботажа си поставивме цел да постигнеме најголемо можно затемнување на Гигафабриката“, се вели во соопштението на групата објавено на екстремно левичарската веб-страница.

Групата ја истакна загриженоста за влијанието на централата врз животната средина и локалното водоснабдување. „Се чувствуваме поврзани со сите луѓе кои нема да дозволат Тесла да ја сопре нашата вода“, велат од групата.

Михаел Штубген, министер за внатрешни работи на покраината Бранденбург, рече дека доколку подметнувањето пожар се потврди, тоа ќе биде „перфиден напад врз нашата електрична инфраструктура“.

ИЗВОР:TRT World
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД