| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Џафери:Со сегашната динамика до изборите има време за вадење нови документи
„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите со оваа динамика, стоте илјади граѓани кои немаат документи, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи, но првенствено и самиот граѓанин треба да го иницира барањето.“
Џафери:Со сегашната динамика до изборите има време за вадење нови документи
Џафери: Со сегашната динамика до изборите има време за вадење нови документи / Others
6 март 2024

Премиерот на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи ја интензивирало динамиката во однос на вадењето лични документи со новото име и според него ако оваа динамика продолжи, до изборите оние граѓани кои немаат документи со новото име тоа би можеле да го завршат до почетокот на изборите.

Џафери додаде дека тоа е процедурата, а граѓаните, како што рече самите треба да го иницираат процесот и доколку до почетокот на изборите има такви кои немаат документи со новото име, тогаш обврска на Владата е да излезе со соодветна одлука, што и како ќе постапи.

Џафери ова го одговори на денешната прес-конференција во врска со организацијата на изборите и како планираат да го надминат проблемот со граѓаните, кои се уште немаат важечки документи со новото име.

„Статистиките, кои што дадов задача, да се прават на дневна основа со податоци од МВР зборуваат за следново. Од 1. јануари до 29 февруари 2024 година вкупно за патни исправи - пасоши има 123.983 барања , од кои изготвени се 95.267. Ова е показател за динамиката на работа, за еден месец од 124.000 издадени се 92.002 патни исправи. За лични карти примени се 82.235 барања, од кои се изготвени 71.410. За возачки дозволи примени се 46.280 барања, од кои се изготвени 39.552“, истакна Џафери.

Како што истакна тој, имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите со оваа динамика, стоте илјади граѓани кои немаат документи, што се појавува како информација, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи, но првенствено и самиот граѓанин треба да го иницира барањето.

„Значи, тоа е процедурата. Е сега, што евентуално ако дојдеме во ситуација определен број на граѓани тоа да го немаат, а тоа е тема за размислување за нас, и имајќи предвид дека има време секој да иницира прво да дадеме предност на правото на граѓанинот да иницира навремено соодветно барање за документ, а од потоа наша обврска е да излеземе со соодветна одлука што и како да постапиме“, изјави Џафери.

Техничкиот премиер рече дека тој лично не преферира да говори хипотетички, туку сака да излезе и да каже дека нешто е решено.

„Јас преферирам да излезам и да кажам, да овој проблем го решивме, оној проблем го решивме, како што впрочем прва работа што ме чекаше беа протестите, односно штрајкот на ФЗОМ, го решивме, прашањето на школото во Чашка, го решивме, не зборував како ќе го решам, го решивме. И тоа е работа за која не сакам сега хипотетички да зборувам што ќе правам, како ќе го направам, туку кога ќе го направам навремено ќе бидете информирани сите дека оваа работа е направена“, рече Џафери.

Техничкиот премиер додаде дека од таа причина ги посетил и вработените во СВР-Тетово, настан кој предизвика реакции во јавноста, но и од техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој во интервју за МИА рече „не доликува на еден премиер така да се однесува во систем каде има хиерархија.“

„И од таа причина беа фамозните посети, дали имам право или немам право да одам, јас имам право да одам во последната канцеларија, која што е во надлежност на Владата. Тоа право го имам по хиерархија. Ако сум првиот одговорен, тогаш сум и првиот надлежен да извршам контрола на функионирањето на институциите, за кои сме одговорни и надлежни, така што тоа си ги покажа своите резултати, потоа со работата на службите таму кои треба да работат“, рече Џафери.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби