| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ: Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Собранието на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашната седница на претседателството на СНС изјави дека мандаторот за составот на новата влада ќе се избере за седум до десет дена, а кандидат за градоначалник на Белград е Александар Шапиќ
Вучиќ: Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Собранието на Србија
Мојот мандат завршува за неполни три години, мора да се навикнеме да бидеме заменливи, треба да ја смениме енергијата, рече Вучиќ / Photo: AA / AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашната седница на претседателството на Српската напредна партија (СНС) изјави дека е договорено кандидат за претседател на српското собрание да биде Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник на Белград Александар Шапиќ.

Тој посочи дека мандаторот за составот на новата влада ќе се избере за седум до десет дена, додавајќи дека е важно владата да се формира што поскоро.

„Избравме кандидат за српскиот парламент и градоначалник на Белград, а за мандатарот ќе чекаме десет дена“, рече Вучиќ.

Тој објасни дека на седницата било договорено кандидат за претседател на Собранието на Србија да бидепремиерката Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник, актиелниот прв човек на Белград, Александар Шапиќ.

„Мојот мандат завршува за неполни три години, мора да се навикнеме да бидеме заменливи, треба да ја смениме енергијата, ќе има 40-50 отсто нови членови на владата. Ако Ана добро се претстави во Собранието, може биди претседател, никогаш не се знае“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека таа заслужила да ја извршува оваа функција и верува дека ќе ја изврши во најдобар интерес.

„Мандатарот мора да биде прв во тимот, имаме уште некои дилеми и работи кои не се лични туку системски, да ги решиме во деновите што следат, да одиме напред со нови сили и енергија. На опозицијата нема да и биде лесно да справи со таа Влада“, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека седница била важна не само поради одлуките што ги донеле, туку и затоа што темелно ја анализирале состојбата во која се наоѓа државата, разбирајќи ја тежината на геополитичката положба на земјата.

Тој посочи и дека ситуацијата на Косово е тешка и дека владата се бори за позицијата на Србите, односно дека нема напредок во разговорите меѓу специјалниот пратеник на Европската унија, Мирослав Лајчак, и политичарите од Приштина кога е во прашање употребата на динари во Косово.

Парламентарните избори во Србија се одржаа на 17 декември 2023 година, а десет изборни листи го поминаа изборниот праг и ќе имаат претставници во Народното собрание на Србија.

Според Уставот на Србија, претседателот на државата му предлага на Собранието кандидат за премиер по консултација со претставниците на избраните изборни листи и предлага кандидат кој може да обезбеди избор на Влада.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран