| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Вашингтон пост: САД најмалку сто пати тајно му продале оружје на Израел
Според „Вашингтон пост“, кој се повикува на неименувани официјални претставници, членовите на американскиот Конгрес биле информирани за ова прашање на тајна седница одржана од американски претставници
Вашингтон пост: САД најмалку сто пати тајно му продале оружје на Израел
Од „Рефјуџис Интернешнл“ велат дека таквата продажба е показател дека Израел не може да продолжи со нападите во Газа без помош на САД / Photo: AA / AA

Американскиот весник „Вашингтон пост“ тврди дека Соединетите Американски Држави тајно одобриле над 100 одделни продажби на воени средства на Израел од 7 октомври 2023 година, кога израелската војска ги започна нападите врз Појасот Газа.

Според „Вашингтон пост“, кој се повикува на неименувани официјални претставници, членовите на американскиот Конгрес биле информирани за ова прашање на тајна седница одржана од американски претставници.

Официјални претставници тврдат дека САД тајно одобриле повеќе од 100 продажби на воени средства на Израел, вклучително и големи количини прецизно наведувана муниција, бомби од мал калибар, проектили со кои се гаѓаат подземни бункери, малокалибарско оружје и друг воен материјал.

Официјалните претставници појаснија дека секоја продажба била под износот наведен во Законот за продажба на воен материјал во странство, така што тоа било направено само со известување на Конгресот без знаење на јавноста.

Џереми Кониндик, директор на „Refugees International“, меѓународна организација за правата на бегалците со седиште во Вашингтон, и поранешен висок претставник во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, рече дека за краток временски период, спроведени биле огромен број тајни продажби на оружје и опрема.

Кониндик рече дека таквата продажба е показател дека Израел не може да продолжи со нападите во Газа без помош на САД.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран