| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската полиција спречи активисти да достават хуманитарна помош во Газа
Една од лидерките на организацијата „Стендинг Тугедер“, Рула Дауд, за Анадолу изјави дека презеле таква иницијатива за да покажат дека во израелското општество постојат луѓе што се противат на последиците од војната
Израелската полиција спречи активисти да достават хуманитарна помош во Газа
Активистите во колони возеа кон преминот Керем Абу Салим, со истакнати знамиња на кои пишуваше „Не на изгладувањето“ / Photo: AA / AA

Израелската полиција ја спречи невладината организација „Стендинг Тугедр“, основана од израелски и арапски активисти, да ја достави собраната хуманитарна помош до граничниот премин Керем Абу Салим и да им ја прати на жителите на Појасот Газа.

Активистите се собраа во близина на израелскиот град Ашкелон, со цел да ја пратат собраната помош во Појасот Газа.

Потоа во колони возеа кон преминот Керем Абу Салим, со истакнати знамиња на кои пишуваше „Не на изгладувањето“.

Тие се запрени на израелски полициски контролен пункт во близина на границата. Израелската полиција не дозволи доставување на помошта и ги врати активистите од границата.

Активистите најавија дека собраната помош ќе ја проследат до организациите што доставуваат хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе се погрижат таа да стигне во блокираната палестинска енклава.

Една од лидерките на организацијата „Стендинг Тугедер“, Рула Дауд, за Анадолу изјави дека презеле таква иницијатива за да покажат дека во израелското општество постојат луѓе што се противат на последиците од војната, напоменувајќи дека децата умираат од глад во хуманитарната катастрофа поради израелските напади врз Појасот Газа.

Наведувајќи дека војната и изгладнувањето на населението во Појасот Газа никому не му оди во користи, Дауд нагласи дека е неопходно трајно политичко помирување, со цел да се спречи убивањето на уште повеќе луѓе во Газа.

„Израелската полиција го блокираше конвојот на километри пред одредиштето за доставување на помошта. Израелската Влада уште еднаш не дозволи поминување на хуманитарната помош“, рече Дауд.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван